Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Volvo го представи својот модел S90 во Детроит
 
Spodeli
13 January 2016, 12:37


Volvo го представи својот модел S90 во Детроит  Volvo го представи својот модел S90 во Детроит
Volvo дефинитивно издоминира на саемот во Детроит...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Volvo дефинитивно издоминира на саемот во Детроид, и создаде вистински предизвик за своите конкуренти, представувајќи го својот S90 модел. И покрај шпиунската фотографија која ја објавивме, премиерното представување на овој модел беше вистински рај за очи.

Новиот S90 постави вистински предизвик, а на саемот представуваше вистински конкурент за BMW серија 5, Audi A6, Јагуар XF и новиот Mercedes E-класа.
 
 
S90 го следи воството на надградуваниот XC90 кој доминира на пазарот. Новиот модел, лежи на иста склабилна СПА платформа, а користи четири-цилиндарски мотор. Внатрешноста на моделот е опремена со врвна технологија, што е прилично добар старт за да се освојат купувачите.
 
 
Надворешноста пак, има специфични детали како ЛЕД севтла, но и конкавна и поисправена Volvo решетка. 
 
 
Овој модел е со поголеми димензии од S80, а можноста за приспособување на воланот и седиштата како на предниот така и во задниот дел, е вистинска предност за сопствениците на овој автомобил.
 
 
S90 е модерен, луксузен и богато опремен автомобил, во чија внатрешност доминира девет-инчниот екран чувствителен на допир кој овозможува прецизно извршување на контроли.
 
 
S90 со моторот позајмен од XC90, D4 (дизел) најверојатно ќе чини околу 32.000 фунти, а забрзувањето до 100 км/ч со овој мотор ќе изнесува 8,2 секунди, а еден километар возење би резултирало со испуштање на штетна емисија на гасови од 109г јаглерод диоксид на еден километар. Другата опција е помоќен D5 (дизел) мотор, со кој забрзувањето од 0 до 100 километри на час би траело 7,3 секунди, додека емисијата на штетни гасови би се покачила на 133 г.
 
 
Вистинска ѕвезда на саемот беше S90 T8 хибриднио модел, кој нуди неверојатни 316 коњски сили, додека емисијата на штетни издувни гасови е намалена на само 44г Јаглерод Диоксид на еден километар возење. Бензинскиот модел T6 пак, ќе биде достапен и на другите пазари, а според напредната политика на Volvo, секој автомобил ќе има напреден четири-цилиндричен мотор под поклопецот.
 
 
Технологијата во овој модел е поставена на врвно ниво, Apple Car Play е достапен на големиот екран чувсвителен на допир, додека безбедноста на овој автомобил е сосема проинаква приказна.
 
 
Овој автомобил поседува систем за безбедно градско возење, автономна сопирачка за итни случаи, можност за само-паркирање, систем од камери кои овозможуваат поглед од 360 степени, автоматско откривање на пешаци, полу-автономни функции за возење кој се достапни до 130 километри на час, за околу 48 километри повеќе од XC90.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил