Овој потег следеше по критиките за перформансите на ситемот во одредени ситуации.Од лансирањето изминатата година, сопствениците на Tesla автомобилите имаа можности да уживаат во беспилотното движење на автомобилот низ сообраќајот, како и автономното паралелно паркирање.
Сега, како резултат на надградба на софтверот, е ограничена можноста автономноста на автомобилот на патиштата, се со цел да е подобри безбедноста на патниците.
Маск исто така потврди дека системот има подобрени можности кога се работи за пренасочување и менување на ленти, дури и кога линиите кои го означуваат почетокот и крајот се избледени. Системите и сензорите кои се наоѓаат на сите страни на автомобилот се со подобрени можности, односно, можноста за лажен сигнал кога се движите до некои други автомобили или објекти е исклучена, а системот автоматски ќе го задржи возилото на поголема оддалеченост. Исто така, новиот систем најавува брза интервенција доколку детектира можност за судир.
Новото ажурирање на ситемот, на корисниците ќе им понуди и подобри услови за паркирање, како и контрола на нивниот автомобил преку нивниот паметен телефон.
Tesla најави дека можноста “да го повикате својот автомобил” е во фаза на тестирање, и се препорачува да се користи само на приватен имот.
Оваа функција е најмногу корисна кога паркинг местото е тесно, па возачот не може да излезе од својата удобна електрична лимузина. Гаражното паркирање со оваа функција е возможно само доколку автоматската врата на гаражата е поврана со компјутерот на автомобилот.
|