Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Детроит 2016: импресивното Lexus LC500 купе од високата класа
 
Spodeli
12 January 2016, 15:43


Детроит 2016: импресивното Lexus LC500 купе од високата класа  Детроит 2016: импресивното Lexus LC500 купе од високата класа
Lexus на саемот во Детроит ја представи својата нова изведба, моделот наречен LC 500....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот 2+2 купе е производствен модел целосно заснован на LF-LC моделот од 2012, односно целокупниот дизајн и технолошки можности од тој концепт се пренесени во новиот LC 500.
 
 
Надворешноста има силно влијание од LF-LC, дизајнерските карактеристики на Lexus, како што се предната решетка и аголните светла, мазните панели и долгата линија која посебно ја исцртува моќноста на автомобилот, се карактеристични за Lexus. Во внатрешноста, автомобилот е опремен со огромен дигитален дисплеј и Мултимедијален пакет од последната генерација на инфозабавен систем наменет за автомобили.
 
 
Под поклопувачот се крие 5 литарскиот V8 мотор, кој произведува 467 коњски сили при 7100 вртежи во минута. Силата се пренесува на задните тркала преку 10-брзински автоматски менувач. Со моменталните перформанси и дизајн, се очекува LC 500 да забрза од 0 до 100 километри на час, за помалку од 4,5 секунди.
 
 
Уникатноста кај овој модел е тоа што, покрај бројот на цилиндри во моторот, Lexus ја почувствувал потребата од вклучување на звучен генератор за да се “подобри” звукот на автомобилот, односно издувот на автомобилот поседува звучни контролни вентили кој ја менуваат јачината и тонот на звукот доколку има потреба во зависност од сценариото на возење.
 
 
LC 500 е изграден врз основа на платформа која е дел од новата корпоративна глобална архитектура за луксузни возила – која е изработена од челик со висока цврстина и аломиниумски компонентни за суспензијата да ја издржи тежината. Кровот е изработен од карбонски влакна, но купувачите можат да добијат и стаклен.
 
 
LC 500 поради генерирање на подобар механички зафат, користи предни пневматици со ширина од 245 а кај задните ширината изнесува 275.
 
Lexus, допрва треба а ја потврди цената и датумот на лансирање на овој автомобил на пазарот.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил