Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Детроит 2016: Chevrolet Bolt е електричниот автомобил за народот
 
Spodeli
12 January 2016, 13:55


Детроит 2016: Chevrolet Bolt е електричниот автомобил за народот  Детроит 2016: Chevrolet Bolt е електричниот автомобил за народот
Иако ние вљубениците во автомобилите сме „октански“ зависници, секој од нас сака да седне зад воланот на Tesla, само тоа е скоро неизводливо, бидејќи цената е превисока. Без грижи, Chevrolet има решение и се вика Bolt...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ова е првиот светски електричен автомобил кој ќе има солидна автономија, односно нема да треба да го полните секој ден, а ќе чини многу помалку пари од Tesla Model S. Како подлога за моделот Bolt, Chevrolet избра моноволуменска каросерија, што е веројатно направено за да се привлечат фамилијарните купувачи.



Како и секој електричен автомобил, Bolt има литиум јонски батерии, но тука тие имаат голем капацитет од 60 kWh и се развиени заедно со LG, за да овозможат автономија со едно полнење од дури 300 km. Со полнење преку брз полнач, може да се добие 150 km автономија со само 30 минути полнење.



Заедно со електричниот мотор кој развива 200 КС и 360 Nm вртежен момент, перформансите се и повеќе задоволителни. Барем оние за забрзувањето, кое трае само 7 секунди до стотка, додека максималната брзина изнесува само 145 km/h – болка на сите електрични автомобили.



Најголемиот адут на Bolt ќе биде цената, која во САД ќе изнесува малку над 30.000 долари. Во Европа моделот би можел да се продава и како Opel, како што беше случајот со Volt – Ampera, а цената многу ќе зависи од тоа во која држава ќе се продава – во многу западни земји давачките за електричните возила се многу помали.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил