Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Детроит 2016: Audi h-tron Quattro – футуристичкиот SUV концепт сега и со погон на водород
 
Spodeli
12 January 2016, 13:23


Детроит 2016: Audi h-tron Quattro – футуристичкиот SUV концепт сега и со погон на водород  Детроит 2016: Audi h-tron Quattro – футуристичкиот SUV концепт сега и со погон на водород
Некои производители иднината ја гледаат во електричните, додека некои во автомобилите со погон на водород. Audi иднината ја гледа и во двата погони – после неколку e-tron концепти, тие претставија и h-tron концепт со погон на водород...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Погонот на водород, односно на горивни келии, има неколку предности пред електричниот, како на пример многу побрзо полнење и подолга автономија, што го прави многу поупотреблив за подолги патувања. Концептот h-tron Quattro на пример може да се наполни за само 4 минути а има автономија од околу 600 km, што е близу до онаа на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.



Концептот на Audi има и неколку други решенија кои го издвојуваат од другите вакви автомобили. На пример, h-tron Quattro има и литиум јонска батерија, која се полни преку горивните келии и која по потреба може да испорача дополнителна сила од 100 Kw. Автомобилот инаку се погонува преку два електрични мотори – 122 КС напред и 190 КС назад, кои се напојуваат преку горивните келии и со помош на кои, забрзувањето до стотка трае само 7 секунди, додека максималната брзина изнесува 200 km/h.



Да потсетиме, моделите со погон на водород испуштаат водена пареа и се сметаат за автомобили кои не ја загадуваат околината. Горивните келии инаку произведуваат струја преку спојување на водородот со кислородот од воздухот, односно се своевидна активна батерија, која потоа се користи за погонување на електричните мотори.

Првиот сериски модел со погон на водород на Audi треба да биде претставен во 2018 година и да го носи името Q6, а истиот модел ќе има и верзија со електричен погон и литиум јонски батерии.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил