Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Volkswagen го представи Budd-e "микробус" на 21 век
 
Spodeli
11 January 2016, 12:22


Volkswagen го представи Budd-e "микробус" на 21 век   Volkswagen го представи Budd-e "микробус" на 21 век
Представувањето на концептниот модел се одржа на саемот во Лас Вегас......
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Volkswagen на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас го представи својот нов концептен модел Budd-e, а службените извори го опишуваат како “Микробус на 21 век”. Станува збор за возило кое веројатно најавува и скорешна продукциска изведба за која не би требало премногу да се чудиме доколку биде достапна само со електричен погон.

Имено, Budd-e е електрично возило кое го придвижуваат два електрични мотори, по еден на секоја осовина, а електричната енергија ја добиваат од батерии со капацитет од 101 kWh. Автономијата на ова возила наводно изнесува околу 600 километри, а максималната брзина на ова возило изнесува 150 километри на час.
 
 
Budd-e се темели на модуларна платформа наменета за електрични и плаг-ин хибридни возила со подзнака MEB (Modular Electric Platform) а истата е во сопственост и целосно развиена од Volkswagen. Оваа платформа е конструирана така што во неа можат да се вградат поголеми батерии и делови на електрични погонски склопови без компромитирање на понудата на просторот во внатрешноста и возните карактеристики на возилото.
 
 
Кога станува збор за дизајнот, Budd-e е препознатлив по изразените елементи, помеѓу кои посебно се истакнуваат LED светлата, големата маска со VW значка, соларни панели на кровот но и прилично големи тркала. Исто така, можеме да кажеме дека неговите димензии изнесуваа 4597 х 1938 х 1834 милиметри, а меѓуоскиното растојание му изнесува 3152 милиметри. Со други зборови, овој модел со својата големина би можел да се смести помеѓу Touran и Multivan T6.
 
 
Внатрешноста е замислена како модерно и high-tech окружување и системи од кои поглем дел се управуваат со глас и допир, вклучувајќи ги и вратите. 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил