Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Шпиунска фотографија од новиот Volvo V90
 
Spodeli
07 January 2016, 12:20


Шпиунска фотографија од новиот Volvo V90  Шпиунска фотографија од новиот Volvo V90
Информациите за новиот Volvo V90 требаше да бидат заробени во тајност се до представувањето на саемот во Женева во март, но изгледа дека не одеше се според планот.......
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Од новиот шведски миленик, излезе шпиунска фотографија, објавена во шведското списание Teknikens Vard. Фотографијата го покажува целиот стајлинг на новиот Volvo концепт, кој наскоро треба да ја доживее својата премиера.
 
 
Дефинитивно, на обожавателите на оваа шведска автомобилска компанија, најмногу им се допадна дизајнот на задните светла на V90, додека предниот крај наликува на седанот Volvo S90 врз кои се темели самиот модел.
 
Новиот Volvo V90 ќе се заснова на SPA платформа на шведскиот производител, избор кој компанијата го направи и кај моделот XC90, а ќе биде придвижуван од двоен мотор со 394 коњски сили, односно хибриден plug-in и D4 и D5 дизел мотори.
 
Официјалниот датум за лансирање се уште е непотврден, но V90 се очекува своето јавно деби да го доживее на саемот во Женева во март, пред да стигне во салоните за продажба во Велика Британија во втората половина на оваа година. Volvo S90 пак, треба да го има својот прв официјален настап на саемот во Детроит при крајот на овој месец.

Интересен податок е што новиот V90 ќе има драстично намалена емисија на издувни гасови, што ќе изнесува само 49 грама јаглерод диоксид на еден километар.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил