Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > BMW i8 Spyder подготвен за премиера на CES
 
Spodeli
07 January 2016, 13:15


BMW i8 Spyder подготвен за премиера на CES BMW i8 *  BMW i8 Spyder подготвен за премиера на CES
Новата концептуална верзија на BMW i8 Spyder, своето деби ќе го направи на Consumer Electronics Show во јануари....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

BMW објави фотографија за претстојниот концепт, што открива информации и детали за кабината на возилото. Најочигледната промена во i8 верзијата е додавањето на голем екран во боја, како и широк поглед за возачот од совозачката страна на автомобилот. 
 
 
Иако на екранот не можеме да видиме за каков интерфејс очигледно се работи, тоа може да ви наговестува дека станува збор за посебен систем на BMW каков што веќе има Серијата 7. 
 
 
Најновите информации наведуваат на тоа дека најверојатно се работи за “Doorless” концепт, односно вратите и нивното поврзување со шарки е исфлрено. Автомобилот се очекува да биде подготвен за производство порано отколку што се очекуваше, четири години по првиот концепт, кој беше прикажан на саемот во Пекинг во 2012 година, а чиј развој беше полн со тешкотии.
 
 
Во декември 2013 година, официјални лица на компанијата презентираа “големи предизвици” за своите инжинери, односно решавање проблеми поврзани со шарките и инкорпорирањето на карбон-фајбер школката на самиот автомобил. Овој автомобил кој ќе биде прикажан на CES саемот, повеќе е фокусиран на технологијата, а новиот концепт ќе има подобри безбедносни системи, мали промени на моторот, како и зголемување на капацитетот на батериите за 23 милји.
 
 
Како и i8 Coupe, Spyder располага со три-цилиндричен 1,5 литарски бензински мотор, поставен на задната, спротивно од електричниот мотор кој е поставен на предната страна, инжинерско дело, кое произведува 228 коњски сили, а до 100 километри на час, се очекува да забрза за само 4,4 секунди.
 

BMW i8 *
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил