Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Bugatti Chiron – автомобил со максимална брзина од 467 км/ч
 
Spodeli
07 January 2016, 12:59


Bugatti Chiron – автомобил со максимална брзина од 467 км/ч   Bugatti Chiron – автомобил со максимална брзина од 467 км/ч
Представувањето на наследникот на Veyron, ќе биде еден од најважните моменти во автомобилската индустрија оваа година. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Да се потсетиме, уште одамна е потврдено дека овој модел ќе го носи називот Chiron, а главната премиера ќе ја има на женевскиот саем за автомобили, додека online представувањето ќе биде малку подоцна.
 
 
Паралелно на тоа што досега во јавност излегоа разни и секако, службено не потврдени информации, најновите се однесуваат на перформансите на овој автомобил. Поточно, уште еднаш имавме можност да слушнеме дека надградениот 8.0 W16 мотор со четири турбополначи ќе има можност од 1500 коњски сили и вртежен момент од 1500Nm, бројки, кои означуваат врвни перформанси.
 
Исто така, гласините велат дека максималната брзина на овој автомобил ќе изнесува 467 километри на час, а забрзување до 100 километри на час, ќе трае само 2,2 секунди. Токму овие податоци беа одлучувачки за околу 140 идни купувачи кои досега го порачаа овој автомобил.
 
 
Производството на овој автомобил ќе биде ограничено на околу 500 примероци, така што Bugatti годишно би требало да произведува околу 100. Цената ќе се движи околу 2 милиони Евра за купе, додека најавената “Targa”, чие доаѓање се очекува да биде во 2018 година, ќе чини далеку повеќе. Се претпоставува дека двата модели, ќе бидат произведени во вкупно 500 примероци.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил