Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Историска драг трка на најголемите Ferrari-ја: 288 GTO vs. F40 vs. F50 vs. Enzo vs. LaFerrari
 
Spodeli
21 December 2015, 17:10


Историска драг трка на најголемите Ferrari-ја: 288 GTO vs. F40 vs. F50 vs. Enzo vs. LaFerrari  Историска драг трка на најголемите Ferrari-ја: 288 GTO vs. F40 vs. F50 vs. Enzo vs. LaFerrari
Најпознатиот производител на супер спортски автомобили, во 1984 година го лансираше 288 GTO, автомобил кој го имаше најдоброто од Ferrari и кој ја почна ерата на „хипер“ автомобилите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тоа беше еден исклучително моќен автомобил за неговото време – имаше 2,8 литарски V8 турбо мотор со 400 КС, доволни за максимална брзина од 304 km/h. Него го наследи веројатно најпопуларниот од сите хипер автомобили на Ferrari – F40 со 2,9 литарски V8 турбо со 480 КС, кој и натаму е омилен меѓу ентузијастите.

После него беше лансиран F50, полн со Formula 1 технологија и прв во низата со атмосферски мотор, за забрзување до стотка за 3,7 секунди и максимална брзина од 325 km/h. Него го наследи Enzo, модел кој спринташе до стотка за само 3,2 секунди и постигнуваше максимални 355 km/h.

На крај секако е новиот LaFerrari – веројатно најдобриот автомобил кој го направиле Италијанците досега и првиот со хибриден погон, кој спринта до 300 km/h за исто толку секунди колку што на 288 GTO му требаат до 200 km/h…

Секако, јасно е дека тој и ќе победи на оваа драг трка, но интересно е да се види со колкава разлика. Клик на видеото, веднаш!





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил