Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Mercedes-AMG S65 Cabriolet ќе чини над 250.000 долари
 
Spodeli
15 December 2015, 09:40


Mercedes-AMG S65 Cabriolet ќе чини над 250.000 долари  Mercedes-AMG S65 Cabriolet ќе чини над 250.000 долари
Mercedes-AMG S65 не дава одговори на рационални, туку на чисто емоционални прашања. Впрочем, автомобилите кои чинат повеќе од 250.000 долари се нешто сосема спротивно од рационалноста...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Цената на новиот Mercedes-AMG S65 Cabriolet сè уште не е објавена, но се знае дека купе верзијата во Германија чини 245.556 евра, вклучувајќи и 19 отсто ДДВ. Логично, се очекува кабриолет верзијата да ја надмине таа сума, така што речиси со сигурност може да очекувате цена од четврт милион евра.

Од Mercedes-AMG се совршено свесни дека клиентите очекуваат нешто навистина посебно за тој износ, па затоа вложиле напор во конструкцијата на овој нов луксузен кабриолет со четири седишта. Сепак, како и секој друг AMG 65 модел, возилото се базира на 6,0-литарскиот V12 bi turbo мотор.

Излезната моќ на S65 AMG Cabriolet е достојна за супер - автомобил и изнесува 630 КС, со максимален вртежен момент од 1.000 Nm. Тоа е уште еден начин да се каже дека како замена за огромната сума на пари, ќе добиете неверојатни бројки во однос на моќноста.

Бидејќи Mercedes-AMG S65 Cabriolet останува пред се' луксузно возило, многу е веројатно дека повеќето сопственици никогаш нема да се приближат до користење на максималниот потенцијал на таа моќност. Но, од друга страна, овој тип на автомобили се познати по неискористената моќност, а луѓето што ги купуваат дефинитивно не се грижат многу за тоа.

Сепак, тоа не значи дека бројките не се импресивни: од 0 до 100 km/h возилото забрзува за 4,1 секунда, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, при што истата може да се надгради и до 300 km/h благодарение на пакетот AMG Driver, што се' уште е далеку од реалната максимална брзина на возилото.

На надворешната страна, има многу хром, но се' уште постои некакво чувство дека тоа не е доволно за автомобилот да се издвои од „послабата“ AMG S63 кабриолет верзија. 

Во внатрешноста S65 AMG Cabriolet доаѓа во повеќе бои и со многу уреди, како на пример Nappa кожа на седиштата, „head-up“ дисплеј, како и вообичаените системи за безбедност.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил