Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Потврдена е нова електрична изведба на Ford Focus
 
Spodeli
11 December 2015, 20:38


Потврдена е нова електрична изведба на Ford Focus Ford Focus Потврдена е нова електрична изведба на Ford Focus
Потврдена е сосем нова Ford Focus Electric изведба која произлегува од 4,5 милијарди долари вредната инвестиција за електрификација на понудата на производителот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Производството на новиот Focus Electric ќе започне кон крајот од следната година. Автомобилот ќе располага со функција за брзо полнење за која Ford вели дека е способна да поврати 80% од енергијата за само 30 минути, овозможувајќи опсег од 160 километри.

Колку за потсетување, актуелниот Focus Electric располага со електромотор со моќност од 145 КС кој овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 11,7 секунди. Автомобилот има максимална брзина од 137 km/h.

Инаку, Focus Electric е дел од новата EV иницијатива на компанијата, која до 2020-та година ќе вклучи 13 нови електрични возила во својата понуда и ќе обезбеди електрифицирани верзии на 40% од своите модели. Компанијата истакнува дека инвестицијата во електрична технологија е резултат на глобалните трендови кои се насочени кон „почисти“ и поефикасни возила.


Ford Focus
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил