Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > A Class и CLA вистински Mercedes-и? Еве зошто не!
 
Spodeli
10 December 2015, 13:18


A Class и CLA вистински Mercedes-и? Еве зошто не! Mercedes-Benz CLA A Class и CLA вистински Mercedes-и? Еве зошто не!
Многу често, веќе преку 25 години, колку што паметам, налетувам на реченицата “Mercedes си е Mercedes”. Всушност, целата моја кариера во автомобилизмот, започна со таа премиса – дека секој модел со трокрака ѕвезда напред, ќе биде најдобар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

И навистина, низ историјата, германскиот производител упорно докажуваше дека конкуренцијата нема што да бара во највисоките класи. Дека за оние кои сакаа вистински статусен симбол, во оптек беше само автомобил со трокраката ѕвезда во предниот дел.

Тоа беа времиња кога многу помалку се штедеше при развојот на еден нов модел и кога маргините на профит беа многу поголеми. Времиња кога Mercedes – Benz можеше да си дозволи да вгради најквалитетни материјали за деловите и да помине со не многу повисока цена од онаа на конкурентите. Ако воопшто ги имаше.

Ова ме носи до Nokia. Еднаш најмоќниот производител на мобилни телефони во светот, кој сега е расцепкан на неколку различни делови, повеќето од нив купени од Microsoft. Нудеа убедливо подобар квалитет од оној на конкуренцијата, за не многу повисока цена. И благодарение на тоа, го постигнаа она “Nokia си е Nokia”. Сепак, новите модели донесуваа се помалку иновации и новитети, па брендот само опаѓаше и веќе не беше доволен за купувачот да се одлучи за таков телефон. Името Nokia, ставено на телефон, веќе немаше никаква тежина.

Да се вратам на автомобилите сега. И на моделите кои по она што јас го имам акумулирано како искуство, не се доволно добри за да ја носат трокраката ѕвезда напред. Модели кои не прилегаат на најстариот производител на автомобили во светот, кој веќе повеќе од еден век гради имиџ на најдобриот производител на автомобили.

Веќе погодувате, зборувам за A Class, CLA Class и CLA Shooting Brake. Навистина, кога ќе ги погледнам, не можам да се одлучам кој изгледа подобро. Сите се секси и забележителни и со право кршат многу вратови по градските улици. Ќе бидам безобразен и ќе кажам дека не само што се убави, туку изгледаат и неколку светлосни години подобро од главните конкуренти во премиум сегментот.

Но, освен во изгледот, во скоро секој друг дел, ова се инженерски многу послаби модели од тоа што го наметнува моментално компактната класа. Прво, динамиката во возењето не е ништо особено. Нека не ве залажува изгледот – ова не се спортски автомобили. Освен ако не ги изберете помоќните AMG изведби, но тие се веќе друга категорија. Како и да е, нема ништо неочекувано во начинот на кој возат. Освен ако неочекувано е тоа што се втопуваат во стандардите на компактната класа. На крајот на краиштата, ова и не е чудно – погонот кај овие модели е на предните тркала, нешто што се коси со она што го правеа инженерите од Штутгарт во минатиов век.

Многу поголем проблем тука е сепак рафинираноста. Она “Mercedes си е Mercedes” е постигнато благодарение на највисоките нивоа на удобност и рафинираност кај поголемите модели на брендот. Секој што некогаш се возел во поголем Mercedes – Benz, останал импресиониран од тоа. Тука, не само што недостасува удобност, туку суспензијата е дури и тврда, а дизел моторите се бучни и нерафинирани. Има и многу вибрации и од сите мотори и подвозјето. Повеќе дури и од модели од „непремиум“ сегментот. Апсолутно неочекувано од еден Mercedes – Benz!

И згора на тоа, ниту внатрешноста не е ништо особено. Да, има по некој алуминиум и кожа, но севкупно, главните конкуренти во премиум сегментот се подобри. Подобра изработка имаат дури и некои автомобили од нормалната компактна класа. А шлаг на тортата е и малиот простор. Назад, треба да имате тренирано јога за да се сместите удобно!

„Џокерот“ кај A Class е и вградувањето на дизел моторот на Renault 1.5 dCi (кој Mercedes – Benz дури го води како 180 CDI), кој се вградува и во моделите на Dacia. Моторот е одличен, за оние кои се по штедливото возење, но навистина, би сакале да имате ист мотор како сопственик на Dacia Duster? Или сакате автомобил кој ќе ви овозможи целосно премиум искуство?

И ако се ова погоре ви звучи нереално, одете, повозете ги овие модели на Mercedes – Benz сами и потоа пишете дали навистина мислите дека вредат скоро дупло повеќе од компактен модел од непремиум сегментот. Ветувам, единствено нешто што ќе ви го понудат е висок имиџ. Изгледаат маркантно и секси, пак ќе повторам. Но, не вредат дупло повеќе од ниту еден автомобил од компактната класа!

Заклучокот дали овие модели ги задоволуваат сите стандарди на она што сите го знаеме како Mercedes – Benz e дека не, не ги задоволуваат. Не само тоа, туку во многу елементи не ги задоволуваат ниту стандардите на компактната премиум класа.

Моја препорака е да го тргнете изгледот настрана и ако толку сакате вистински модел со трокраката ѕвезда, да си купите C Class (или нешто од повисоките класи). Не чини многу повеќе од CLA, а делува како неколку класи подобар автомобил. Или пак заштедете пари и купете си некој поевтин компакт. Може да биде и спортски. Пак ќе ви останат пари.


Mercedes-Benz CLA
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил