Ако сте во потрага по работа во автомобилската индустрија, посетете ја страницата за ангажман во Tesla, бидејќи производителот на електрични возила во моментов масовно вработува. Американската компанија располага со 1.649 слободни работни места ширум светот, така што не е неопходно да се преселите во Калифорнија за да добиете вработување. Tesla ќе ангажира техничари за возила во Норвешка, како и советници за продажба во Франција и Германија.
Компанијата има намера да вработи уште неколку инженери кои би работеле на нејзината технологија за автономно возење, а кандидатите за оваа позиција ќе имаат можност да се сретнат лично со шефот на Tesla Motors, Илон Маск. Во серија на твитови, Маск неодамна истакна дека новите работници нема да треба да имаат задолжително искуство во автомобилската индустрија, а тој самиот ќе го води интервјуто со нив. Неодамна тимот изгуби важен член, кога Google го најми главниот програмер, Роберт Роуз.
Меѓутоа, треба да се знае дека и покрај огромниот број на слободни позиции, во Tesla не е така лесно да се добие вработување:
„Во последните 14 месеци имавме 1,5 милиони апликации од целиот свет“, изјави потпретседателот за човечки ресурси, Арнон Гешури. Сепак, доколку успеете да велезете во тимот на Tesla Motors, очекувајте извонредна работна средина и голем број на привилегии.
|