Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Citroen E-Mehari - електричното баги пристигнува во 2016-та
 
Spodeli
08 December 2015, 21:16


Citroen E-Mehari - електричното баги пристигнува во 2016-та  Citroen E-Mehari - електричното баги пристигнува во 2016-та
Citroen по брза постапка го проследи својот концепт Cactus M за да го создаде електричното возило Е-Mehari кое низ салоните во Европа ќе се појави во 2016-та година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Е-Mehari располага со максимална брзина од 110 km/h, а Citroen нагласува дека автономијата на возилото ќе изнесува околу 200 km, при што истата ќе произлегува од 30kWh литиум - полимер батериски пакет.

Кабриолетот со необичен дизајн е инспириран од „beach buggy“ Mehari моделот од 1960-та, а претставува уште една потврда дека Citroen се осмели да бидe потполно различен со своите нови производи. Инспирирано од C4 Cactus и карактеристичните DS автомобили, возилото се обидува да ги привлече клиентите презаситени од „мејнстрим“ дизајнот.

Шефот за производствено планирање на компанијата, истакна дека автомобилот не е конструиран за да постигне масовна продажба, туку за да го зацврсти имиџот на марката. 

Батерискиот пакет е направен од страна на компанијата Bollore и може целосно да се наполни за 13 часа од стандарден домашен штекер.

На крајот, да додадеме дека Е-Mehari има совршено компактни димензии, односно е 3.810 mm долг, 1.650 mm висок и 1.870 mm широк.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил