На церемонијата, своите ставови во однос на повеќе актуелни прашања ги изнесе Ив Матон, управител на Citroеn Racing тимот.
Како и минатата година, Citroen го „монополизираше“ подиумот на FIA WTCC Светскиот шампионат...
„Криво ми е што подиумот нема четири скалила, бидејќи годинава успеавме да ги обезбедиме првите места со Хозе Марија Лопез, Иван Мулер, Себастијан Лоеб и Ма Кинг Хуа! Ова е историски резултат, нешто што никогаш претходно не било постигнато во WTCC или во рамките на групацијата PSA“.
Неодамна Светскиот совет за мотоспорт воведе измени во правилата на WTCC. Како се чувствувате во врска со новините?
„Некои од овие промени, како на пример MAC3 (Производителите против хронометарот) или пак концептот на трка за отворање и главна трка, барем трагаат по нови идеи. Но, ќе треба да почекаме и видиме дали ваквите промени навистина ќе додадат ништо во однос на медиумското покривање и интересот, односно возбудата и неизвесноста. Ние очигледно не се согласуваме со новите правила за компензација на тежината, бидејќи сметаме дека се неправедна казна за Citroen C-Elysée WTCC.
Во последните неколку недели видовме многу реакции за крајот на соработката меѓу Citroen и Себастијан Лоеб. Што би им кажале на фановите кои не можат да го разберат ваквиот потег?
„Потрагата по сензационални приказни понекогаш може да ја искриви реалноста. Себ не беше „отпуштен“, како што сугерираа некои кругови. Тој и натаму е дел од групацијата PSA Peugeot Citroen и неговиот предизвик со Peugeot Sport во никој случај не е план B во однос со неговата извонредна кариера. Себ одбра целосно да се посвети на авантурата наречена рели Дакар, а ние ќе го следиме неговиот напредок со голем интерес. Нема дилеми дека оваа ситуација го одбележува крајот на едно големо и славно поглавје во историјата на Citroen Racing. Сигурен сум дека нашето чувство на носталгија кое преовладува во моментов, за кратко време ќе биде заменето со спомените од навистина одлични достигнувања.
PSA Peugeot Citroen неодамна објави дека Жан-Марк Фино ќе биде директор на т.н. Motorsport Centre of Excellence. Какво влијание ќе има ова врз вашата функција и улога?
„Од 1 јануари 2016-та година, Жан-Марк Фино ќе биде задолжен за групирање на активностите во моторспортот на трите марки. До септември 2016-та година сите ние ќе работиме во комплексот во Версај. Водењето на мотоспортот ќе биде препуштено на Ксавиер Местелан за DS Performance и на мене за Citroen Racing. Би сакал да ја искористам оваа прилика му го честитам на Ксавиер неговото именување. Заедно имаме минато фантастични моменти во WRC и WTCC, а неговата врвна експертиза ќе биде повеќе од добредојдена.
|