Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Иконската Honda S2000 се враќа!
 
Spodeli
07 December 2015, 12:39


Иконската Honda S2000 се враќа! Honda S 2000 Иконската Honda S2000 се враќа!
Honda своевремено беше јапонскиот производител со најмногу спортски модели во понудата, но денес имаат само еден модел, Civic Type R. Сето тоа треба набрзо да се смени со лансирањето на NSX, како и на нов S2000 роудстер!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата S2000-ка ќе се базира на истиот концепт – отворен покрив и погон назад, со таа разлика што моторот веќе нема да биде атмосферски и и да врти до 9.000 врт/мин, туку ќе бидат достапни два турбо бензинци – 1,5 со околу 180 КС и 2,0 од Civic Type R со околу 250 КС. И двата агрегати ќе треба да бидат доволни за вртоглави перформанси – автомобилот ќе има многу ниска тежина, до околу еден тон.



Сепак, новата S2000-ка нема да пристигне набрзо на пазарот. Проблемот е што Honda разви нова платформа за возила со преден погон, која може лесно да се прилагоди на различните модели, но S2000 сепак ќе биде модел со погон на задните тркала. Поради тоа, Honda ќе развие посебна платформа само за овој модел, што би можело и да ја покачи цената, односно автомобилот да биде поскап од Mazda MX-5, која се смета за главен конкурент, како и од купето на Toyota, GT86.

Да потсетиме, Honda S2000 и натаму е еден од омилените автомобили кај ентузијастите – има исклучителен атмосферски мотор и одлично избалансирана шасија, адути со кои без проблем се носи и со поновите автомобили. Лансирањето на нов модел секако дека повторно ќе ги разбуди вљубениците во брендот, кои веќе предолго време чекаат за возбудлив модел од Honda.


Honda S 2000
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил