Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > 4 причини зошто Toyota отповикува толку многу возила на сервис
 
Spodeli
03 December 2015, 14:26


4 причини зошто Toyota отповикува толку многу возила на сервис  4 причини зошто Toyota отповикува толку многу возила на сервис
Најголемиот производител на автомобили во светот, познат по легендарната издржливост на нивните модели, последниве неколку години се наоѓа најчесто на насловните страници за отповикување на возила на сервис, често и поради поголеми проблеми. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Секако, отповикување во сервис не значи дека автомобилот е расипан, туку дека има можен проблем кој е најдобро да биде отстранет. Сепак, ова е многу лоша вест за сопственикот на автомобилот, а особено за производителот, кој треба да се справува ослабување на репутацијата.

Toyota беше особено на удар последниве неколку години, а се започна со проблемите со педалата за гас. После тој проблем, имаше уште неколку различни отповикувања во сервис и Toyota се чини дека е секогаш на насловните страници. Но, во што лежи проблемот?

Повеќе возила, повеќе отповикување
Ова е чиста математика – повеќе произведени возила, повеќе возила на отповик. Toyota произведува скоро 10 милиони возила секоја година и поради таа голема бројка, природно е да имаат повеќе возила со проблеми. Сепак, ова се коси со премисата на Toyota дека нудат највисок можен квалитет, независно од продажбата.

Поголемо производство, повеќе проблеми

Зголемувањето на производството секако со себе донесува поголема шанса за расипување. Ова не важи само за Toyota, туку и за сите добавувачи на делови за јапонскиот производител. Проблемите најчесто не се во производството на Toyota, туку во оние кои ги испорачуваат деловите, како на пример педалата за гас во најголемиот отповик досега. Тоа се најчесто помали производители кои мораат да испорачаат големи количини на делови, за што, не ретко знаат да го намалат квалитетот за да стигнат со испораката, особено за поголемите производители како Toyota, кои пак ги притискаат со роковите. А за ваквите „избрзувања“, најчесто страдаат купувачите, односно сопствениците на возилата.

Најнови технологии и многу електроника

Новите технологии кои производителите ги внесуваат во автомобилите, најчесто се избрзани, а со цел да се биде пред конкуренцијата. Ова тука важи за сите производители, особено во поново време, со внесувањето на електрониката во автомобилите – автомобилите имаат многу поголеми шанси за грешка.

Притисоци од властите
Денес, скоро секој ден наидуваме на вест за отповик на возила во сервис. Многумина ќе речат дека порано не било така, но јас ќе ви кажам дека порано и да имало проблем, производителите не реагирале, зошто немало прописи кои го наложувале тоа. Денес, има строги правила и прописи кои велат дека дури и за помали проблеми, како на пример влегување на влага во светлата, производителот мора да отповика возила во сервис.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил