Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Новиот спортски модел од Bentley ќе има електричен погон!?
 
Spodeli
27 November 2015, 22:16


Новиот спортски модел од Bentley ќе има електричен погон!?  Новиот спортски модел од Bentley ќе има електричен погон!?
Веќе од претходно е познато дека Bentley има намера да ја прошири понудата со нов модел кој би се позиционирал под Continental GT, а сериската верзија на концептот EXP 10 Speed 6 би била извонреден кандидат за таа позиција...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Концепт моделите често знаат да ги поделат мислењата на стручната јавност, но Bentley EXP 10 Speed 6 е една од оние студии што успеа да ги придобие симпатиите и на медиумите и на љубителите на автомобили. Свесен за тоа е и шефот на Bentley, Волфганг Дурхајмер, кој се разбира, сака максимално да ја искористи ваквата ситуација.

Веќе од претходно е познато дека Bentley има намера да ја прошири понудата со нов модел кој би се позиционирал под Continental GT, а сериската верзија на споменатиот концепт би била извонреден кандидат за таа позиција.

Дурхајмер неодамна соопшти дека овој автомобил би можел да биде придвижуван од некој вид на алтернативен погон, а во својата изјава тој спомена и целосно електричен погон.

Ваквата најава не е воопшто чудна доколку се земе предвид дека претходно групацијата VW размислуваше за опширна електрификација на понудата, а моделите на Bentley кои и онака имаат повисоки цени, се добри кандидати за вградување на електрични мотори. Инаку, според некои извори, серискиот модел на EXP 10 Speed 6 би требало да го очекуваме во следните година или две.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил