Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Renault обвинет за измама во врска со штетните емисии
 
Spodeli
26 November 2015, 21:46


Renault обвинет за измама во врска со штетните емисии  Renault обвинет за измама во врска со штетните емисии
По Volkswagen, францускиот Renault може да стане следниот производител вовлечен во скандал за штетните емисии на своите дизел агрегати...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Обвиненијата против Renault се покренати од страна Deutsche Umwelthilfe (DUH), лоби група за заштита на животната средина, која тврди дека моделот Espace емитува за 25 пати повеќе штетни гасови од законски дозволеното ниво. Иако дизел комбито ги помина тестовите кои се базираат на стандардите од Европската Унија, DUH тврди дека при тестирањето температурата на моторот била нереално ниска.

Доколку наводите се покажат како вистинити, Renault нема да биде прв производител подложен на обвинувања од трета страна. Во пресрет на скандалот на VW, DUH објави сличен извештај за наводно прекршување на стандардите од страна на моделот Opel Zafira. Заедно со други субјекти, DUH е организација која отворено ги повикува европските власти да воведат построги процедури за тестирање, со кои ќе се надминат постоечките дупки во регулативите.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил