Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Tesla Model S на масовна поправка поради проблем со безбедносните појаси
 
Spodeli
24 November 2015, 07:40


Tesla Model S на масовна поправка поради проблем со безбедносните појаси Tesla Model S Tesla Model S на масовна поправка поради проблем со безбедносните појаси
Tesla потврди дека има намера доброволно да ги повлече на поправка сите примероци од Model S во светски рамки, со цел да санира можен проблем со безбедносните појаси...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Повлекувањето кое ќе се спроведува во глобални рамки, би требало да опфати околу 90.000 возила, а како главна причина за него се наведува пријавата од клиент кој имал проблеми со предниот појас во својот Model S. Во врска со овој настан Tesla се огласи со соопштение во кое се вели: „Неодамна во Европа беше регистриран случај во кој предниот безбедносен појас не бил правилно прицврстен за основата. Возилото во кое бил регистриран дефектот не учествувало во незгода поради што нема никакви последици по патниците“. 

„Ова е единственото возило за кое располагаме со сигурни сознанија дека имало проблеми со појасот. Оттогаш наваму проверивме над 3.000 автомобили, но не наидовме на слична неисправност“, додаваат од Tesla.

Портпарол на Tesla неодамна потврди дека прегледот на безбедносните појаси кај повлечените возила ќе трае од три до шест минути. Во моментов се контактираат сопствениците и се охрабруваат да закажат термин во кој ќе се провери нивниот автомобил.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил