„Марката на скорпијата“ наводно планира да влезе во Светскиот рели шампионат со верзија на неодамна претставениот кабриолет, кој се базира на моделот Miata. Според извори блиски до тјунерската компанија, тркачкиот автомобил би требало да пристигне во 2017-та година.
Според тековните информации, компанијата ќе понуди повеќе изведби на 1,4-литарскиот турбо агрегат со четири цилиндри, со моќност од 160, 190 и над 200 КС кај верзијата инспирирана од рели автомобилите.
Во моментов ваквите најави ги земаме со доза на резерва, што не значи дека тие се премногу далеку од реализација. Abarth рели автомобили веќе постојат во пониските класи на натпреварување, а гласини од 2009-та и 2011-та веќе укажуваа на можно инволвирање на компанијата во WRC шампионатот.
|