Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Објавени скици од хибридот Kia Niro
 
Spodeli
22 November 2015, 17:50


Објавени скици од хибридот Kia Niro KIA Niro Објавени скици од хибридот Kia Niro
Kia Niro е хибриден автомобил најавен како ривал на Toyota Prius кој ќе биде претставен следната есен, со што ќе се означи почетокот на реализацијата на планот за тројно зголемување на понудата на електрични возила од корејскиот производител, од 4 на 11, до 2020-та...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во рамки на понудата, Niro ќе зазема позиција меѓу Kia Soul и Kia Sportage, а од страна на производителот се опишува повеќе како Hybrid Utility Vehicle (HUV), а не како SUV. Воедно Kia тврди дека ова возило ќе претставува комбинација од практичноста на Nissan Qashqai и ефикасноста на Prius.

Клучните дизајнерски одлики се состојат од релативно широкиот став, кој има за цел да придонесе за стабилност и низок центар на гравитација, како и долгото меѓуоскино растојание кое овозможува максимална просторност во внатрешноста.

Niro ќе биде понуден само во хибридна изведба, а погонот ќе го чинат 1,6-литарскиот Kappa бензински агрегат, поврзан со електромотор од 32 kW и 6-брзински DCT менувач и 1,56 kWh литиум - полимер батерија. Производителот наведува дека емисијата на CO2 ќе изнесува 90 g/km. Стандардната изведба ќе има погон на предните тркала, а по желба ќе може да се добие и погон на сите четири тркала.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил