Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Volkswagen има решение за санација на 1,6-литарските TDI мотори
 
Spodeli
21 November 2015, 18:56


Volkswagen има решение за санација на 1,6-литарските TDI мотори  Volkswagen има решение за санација на 1,6-литарските TDI мотори
Три месеци по скандалот што изби во врска со штетните емисии на дизел агрегатите од Volkswagen, полека се движиме кон втората фаза на целата ситуација, која би можела да го носи називот The Fix (поправка)...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Портпаролот на групацијата во Германија изјави дека компанијата има решенија за некои од погодените ЕА 189 мотори, но не и за 1,2-литарските верзии.

Решението кое се однесува на 1,6-литарските дизел агрегати во моментов се испитува од страна на германската агенција за моторизиран транспорт. Истото се базира на промени во хардверот и софтверот на возилата. Доколку идејата биде одобрена, Volkswagen ќе може да пристапи кон повлекување и поправање на околу 540.000 автомобили опремени со 1,6-литарскиот мотор. Под претпоставка дека процесот ќе се одвива во најдобар ред, истиот сепак би траел повеќе од една година. Проблемот се состои во тоа што потребни се големи количини на дизни за вбризгување и катализатори, чија набавка, само за Германија, ќе трае со месеци.

Според проценките, на VW ќе му требаат делови за околу 3,6 милиони агрегати само во Европа. Од производителот велат дека финалниот план за тоа како би се одвивало повлекувањето во Европа, би го имале кон средината на следниот месец.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил