Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > 4 причини зошто да НЕ купите користено BMW
 
Spodeli
19 November 2015, 12:51


4 причини зошто да НЕ купите користено BMW  4 причини зошто да НЕ купите користено BMW
Автомобилите од Баварија се едни од најпосакуваните во автомобилската индустрија и со право – нудат навистина извонредно возачко доживување. Но, доколку се одлучите да купите, избегнете користено BMW. Еве зошто....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Недоволно доверливи, скапи за одржување

BMW често користи сложена механика и електроника кај своите автомобили. Да, тоа им овозможува да имаат повисоки перформанси од конкурентите, но ги прави и помалку доверливи. Не ретко корисниците имаат проблеми со дизел моторите, менувачите и диференцијалот – делови кои се исклучително скапи и незгодни за поправка. Често се случува и да треба да смените цел систем поради еден расипан дел, што го прави дефектот многу поголем отколку што се чини на прв поглед. А бидејќи сте го купиле ова BMW на старо, голема е шансата дека поправките чинат богатство за Вас.

Недоволно стручни сервиси

Сервисите кај нас најчесто не знаат да се справат со проблемите и секаде каде што ќе отидете, ќе добиете различна дијагноза на проблемот, а дури и овластените знаат многу лесно да згрешат. Многу корисници јавуваат дека овластените сервиси им кажуваат дека е потребна промена на многу повеќе делови, отколку што навистина треба, а неретко се случува поради погрешна дијагноза да настане уште поголем проблем, како на пример зарибување на моторот или менувачот. Да Ви се расипе BMW е вистинска ноќна мора.

Премногу често ќе треба да ги менувате пневматиците

Автомобилите на BMW се непопуларни по тоа што буквално ги јадат пневматиците. Додека со други модели можете да издржите и до 40.000 километри со едни пневматици, кај BMW ќе треба да ги менувате за дупло пократок рок. Проблемот е во подесеноста на нагибот на тркалата, кој придонесува за подобрување на возните својства, но делува многу лошо на самите пневматици. А бидејќи BMW-ата најчесто имаат големи тркала и широки гуми, новите пневматици чинат вистинско богатство, почнувајќи од 200 евра по пневматик!

Претходните корисници најчесто ги возат до максималните можности

Ако купите BMW на старо, особено од некој помлад човек, шансата е дека „му е извадена маста“ – затоа и најчесто гледате BMW-а кои дрифтаат по улиците. Навистина, има и примероци кои се возени „нормално“, но не ретко знае да се погоди автомобилот да е буквално измачуван, а кога ќе го купувате, да изгледа перфектно. Да, истите тие луѓе што го вадат максимумот од своето BMW, се грижат да изгледа најдобро што може, но состојбата на механиката е сепак друга приказна.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил