Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Kia Optima ќе биде понудена во две хибридни изведби
 
Spodeli
18 November 2015, 22:07


Kia Optima ќе биде понудена во две хибридни изведби KIA Optima Kia Optima ќе биде понудена во две хибридни изведби
Kia објави дека актуелната генерација на Optima од следната година ќе биде достапна во две хибридни верзии, што ќе бидат пласирани на повеќето пазари на кои се продава овој автомобил...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Првата верзија е Optima Plug-in Hybrid (PHEV), која ќе биде опремена со литиум - полимер батерии со капацитет од 9,8 kWh односно електричен мотор со 68 КС (50 kW). Производителот тврди дека капацитетот на батериите е за 6 пати поголем од оние кои се користат во актуелната Optima Hybrid, додека пак електричниот мотор е помоќен за 42%. Електричната автономија ќе изнесува околу 37 километри.

Исто така, тука е и бензинскиот 2,0-литарски, 4-цилиндричен GDI мотор со 156 КС (115 kW) и максимален вртежен момент од 189 Nm. Комбинираната моќност на овој погонски систем ќе изнесува 151 kW или 205 КС. Просечната потрошувачка би се движела околу 2,5 l/100 km.

Optima Hybrid ќе биде подобрен, односно неговата потрошувачка ќе се намали за 10%. Станува збор за моторизација која се состои од 2.0 GDI агрегатот со моќност од 156 КС (115 kW) и електромотор со 52 КС (38 kW), поврзани со 6-брзински рачен менувач и литиум - полимер батерија со капацитет од 1,62 kWh. Комбинираната моќност изнесува 195 КС (143 kW).


KIA Optima
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил