Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Премиера – Suzuki Baleno, ултимативниот мал хечбек
 
Spodeli
18 November 2015, 12:37


Премиера – Suzuki Baleno, ултимативниот мал хечбек Suzuki Baleno Премиера – Suzuki Baleno, ултимативниот мал хечбек
Suzuki ја збогатува понудата во ниската класа со новиот Baleno, модел кој ќе донесе исклучително високи нивоа на комфор, перформанси, безбедност и економичност...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За да го креира Baleno, Suzuki се водеше под една премиса – да биде софистициран автомобил без компромиси. Во превод, автомобилот мора да биде успешен во неколку важни параметри: да има модерен дизајн, да нуди висок комфор, да има високи перформанси и добри возни својства, да биде лесен за маневрирање во градски услови и да биде безбеден и економичен.



Suzuki ова го постигна со тоа што го базираше Baleno на целосно нова платформ, во која се направени радикални промени во дизајнот, а со цел да се постигнат голема цврстина и ниска маса на каросеријата. Споредено со платформата користена претходно, постигната е 10% поголема цврстина и 15% помала маса. Овие карактеристики се фундаментални за подобрување на перформансите, намалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови, подобрување на рафинираноста во поглед на намалување на вибрациите и зголемување на динамичноста во возењето.

Целосно нова е и моторизацијата – достапни се три погони: 1,2 литарски DUALJET бензинец со 90 КС и најдобра термална ефикасност во класата, „благ хибрид“ со мал електричен мотор и истиот 1,2 литарски бензинец, како и 1,0 литарски BOOSTERJET турбо бензинец со 112 КС и 170 Nm вртежен момент, кој нуди исклучително високи перформанси и многу ниска потрошувачка. Сите погони ќе може да се нарачаат со мануелен менувач со пет степени, додека кај турбо бензинецот ќе биде достапен автоматски со шест степени, а кај 1,2 литарскиот бензинец, CVT менувач со континуиран пренос.

Многу големо внимание е посветено на внатрешноста, која е паметно оптимизирана за да може да смести комфорно пет патници – целосно внимание е посветено на буквално секој милиметар од кабината. Резултатот се најпространа кабина за патниците и на предните и на задните седишта и најголем багажник во класата од 355 литри, кој е преку 50 литри поголем од конкурентите. Покрај тоа, задните седишта можат да се спуштат и соберат само со еден потег, со цел да се ослободи повеќе товарен простор.



Кабината нуди и многу други функционалности. Во инструмент таблата е вграден централно поставен дисплеј кој може да покажува многу различни параметри кои можат да му помогнат на возачот. На централната конзола пак опционално може да се вгради 7 инчен екран на допир, кој може да се поврзе со iPhone со помош на Apple CarPlay и да прикажува различни функции, како Мапи, Телефон, Пораки, Музика и други апликации развиени за CarPlay, а доколку имате друг тип на телефон, ќе можете да го поврзете со MirrorLink.

Секако, бидејќи се работи за Suzuki, безбедноста е секогаш главен приоритет: Baleno е меѓу првите модели во сегментот со достапност на систем кој активно му асистира на возачот при возење. RBS (Radar Brake Support) автоматски ги детектира возилата кои се пред вас при брзини над 5 km/h и реагира со: 1) звучно предупредување за возачот; 2) зголемување на силата на кочење; 3) автоматско кочење на возилото. Покрај овој систем, новиот Baleno е достапен и со целосна контрола на стабилноста ESP и 6 воздушни перничиња уште во почетниот модел.



Сите овие позитивни карактеристики се вклопени во целосно нов изглед, кој отвора нова страница во поглавјето на Suzuki моделите од ниската класа. Однадвор, главна карактеристика е "Liquid Flow" дизајнот, кој асоцира на течност во движење и кој меките линии ги склопува во спортски изглед, благодарение на широката и ниска каросерија. Големо внимание е посветено и на деталите, како црните и хромирани елементи околу предните фарови, задните LED светла, затемнетиот преден "A" носач, задниот кровен спојлер и достапноста на девет бои, меѓу кои и "Ray Blue Pearl Metallic" која се претопува од зелена кон црвена нијанса, зависно од кој агол ја гледате. Ентериерот исто така го карактеризира модерен и елегантен дизајн, со употреба на квалитетни материјали и сребрени детали, како и црвенкасто осветлување.

Новото Suzuki Baleno наскоро треба да пристигне и на нашиот пазар, кога ќе имаме и информација за цените, а потоа и детално тест возење.


Suzuki Baleno
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил