Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Volvo ги заштити ознаките C40 и C60
 
Spodeli
17 November 2015, 21:43


Volvo ги заштити ознаките C40 и C60  Volvo ги заштити ознаките C40 и C60
На почетокот од овој месец Volvo ги заштити, односно регистрираше ознаките C40 и C60, што укажува на идните планови за купе верзии на соодветните модели...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Меѓутоа, доаѓањето на овие верзии на пазарот не треба да се очекува многу брзо, бидејќи шведскиот производител веќе потврди дека најпрво ќе се посвети на развој и производство на модели со поголем обем на продажба, а дури потоа ќе се ориентира на изведбите со пониска продажба.

Со други зборови, доколку во Volvo се одлучат за развој на овие автомобили, нивното доаѓање на пазарот не треба да се очекува пред 2018-та година.

Дотогаш, од Volvo имаат план да го лансираат седанот S90, наследникот на моделот S80, односно караванот V90 чија продажба ќе започне во текот на следната година. Исто така, во подготовка е и XC40, односно помал компактен кросовер, а Volvo вети дека до 2017-та година ќе ја обнови целокупната постоечка понуда, додека во 2019-та година на пазарот треба да пристигне и веќе најавениот електричен автомобил.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил