Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Голем успех за Dacia - продадени три милиони и петстотини илјади возила
 
Spodeli
11 November 2015, 20:16


Голем успех за Dacia - продадени три милиони и петстотини илјади возила  Голем успех за Dacia - продадени три милиони и петстотини илјади возила
Во рок од само десетина години, Dacia успеа да продаде 3,5 милиони автомобили во Европа и медитеранскиот регион...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Две години по целосната обнова на својата понуда, Dacia продолжува со растот. Во првата половина од 2015-та, марката забележа раст од 10,1% и досега има продадено околу 290.025 автомобили. Во истиот период, продажбата во Европа е зголемена за 5,5%, односно продадени се 205.435 автомобили. Од вкупно 44 земји во кои Dacia ги продава своите возила, дури во 19 е забележана рекордна продажба во текот на првите шест месеци од 2015-та година.

Во прилог на растот во продажбата, Dacia се покажа и во поврзувањето на своите клиенти. Во многу земји, сопствениците на Dacia модели се собираат за да ги споделат своите искуства, во духот на трите основни вредности на марката: отвореност, едноставност и великодушност.

Јубилејниот примерок продаден во Англија

Минатиот петок (6 ноември), потпретседателот на Dacia за продажба и маркетинг во европскиот регион, Денис Ле Вот и' ги предаде клучевите на г-ѓа Џоди Панов која стана сопственик на 3,5 милионитиот произведен автомобил, од враќањето на Dacia на пазарот во 2004-та година. Џоди е мајка на две деца и горд сопственик на Dacia Duster, кој е првиот нов автомобил што некогаш го купила.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил