Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Kar-A-Sutra: концепт за мобилно престојувалиште од 1972-ра
 
Spodeli
11 November 2015, 17:24


Kar-A-Sutra: концепт за мобилно престојувалиште од 1972-ра  Kar-A-Sutra: концепт за мобилно престојувалиште од 1972-ра
Моделот е произведен во 1972-ра година, за потребите на изложбата „Италија: Нови домашни пејзажи“...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Дали е возможно „мобилните престојувалишта“ да станат реалност во автомобилската индустрија? Ова не е нова идеја, особено доколку се земе предвид дека зелената подвижна „кутија“ на фотографиите е произведена во 1972-ра година, за потребите на изложбата „Италија: Нови домашни пејзажи“.

Станува збор за возило кај кое во преден план е ентериерот и удобноста на патниците, а е резултат на соработката меѓу архитектот Марио Белини, една компанија за мебел, Pirelli и Citroеn. Возилото има навистина провокативен назив: Kar-A-Sutra.

И покрај тоа што на прв поглед наликува на комбе за кампување, сепак со оглед на тоа што нема кујна и бања, Kar-A-Sutra е само привремено преноќиште кое може да смести шест „патници“.

Иако многумина ќе помислат дека ова возило е само гломазна структура која зафаќа премногу простор, фактот што е изработено во 1972-ра година говори дека истото било инспирација за бројни понатамошни изуми за мобилни домови со кои се служиме денес. Токму затоа, Kar-A-Sutra заслужува почит и внимание.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил