Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Lada го претстави серискиот XRAY
 
Spodeli
10 November 2015, 19:32


Lada го претстави серискиот XRAY Lada X-Ray Concept Lada го претстави серискиот XRAY
Кон средината на наредната година, автомобилот ќе се појави и на некои европски пазари...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Lada ги објави првите фотографии и детали за својот нов компактен кросовер наречен XRAY, чие производство ќе започне кон средината на следниот месец, а продажбата на почетокот од наредната година и со тоа ќе стане уште еден новитет од руската марка, по седанот Vesta.

Овој модел првично беше најавен од производителот во 2012-та година, со тогашниот концепт под исто име, а транзицијата од студија во сериски модел е спроведена во согласност со очекувањата.

Да додадеме дека овој автомобил се базира на платформата B0 од стратешкиот партнер на AvtoVAZ, Renault-Nissan, а ќе биде придвижуван од 1,6-литарски бензински агрегат со моќност од 106 или 114 КС, додека пак врвот на понудата ќе го чини 1,8-литарскиот мотор со 123 КС кој ќе може да се избере со рачен или автоматски менувач.

XRAY следната година ќе биде подложен на Euro NCAP тестот за безбедност, а според најавите од производителот се очекуваат најмалку три ѕвезди. Кон средината на наредната година, автомобилот ќе се појави и на некои европски пазари.


Lada X-Ray Concept
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил