Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Нови проблеми за Volkswagen групацијата
 
Spodeli
07 November 2015, 18:09


Нови проблеми за Volkswagen групацијата  Нови проблеми за Volkswagen групацијата
Приказната за т.н. афера Dieselgate е далеку од завршена. За жал, по се' изгледа истата ќе добие сосема ново поглавје...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Американската агенција за заштита на животната средина (EPA), неодамна објави дека софтверот преку кој се лажирале податоците за емисијата на штетни гасови, не е ограничен само на моторите со ознака EA 189.

Имено, EPA тврди дека истиот софтвер e инсталиран и во 3.0 TDI моторите кои се вградени во моделите Porsche Cayenne (2015), VW Touareg (2014), Audi A6, A7, А8, A8L и Q5 (2016). Volkswagen категорично ги отфрли ваквите тврдења, но изјави дека има намера целосно да соработува со EPA, со цел да се разјаснат сите нејасности. Слична реакција дојде и од Porsche, што исто така ја негираше употребата на овој софтвер во V6 TDI моторите.

Сепак, превентивно, во САД е стопирана продажбата на овие модели.

Но, тоа не е се'. Од Volkswagen пристигна веста дека се пронајдени одредени неправилности во бензинските мотори, поврзани со нивната емисија на јаглерод диоксид. Станува збор за податоци кои производителот ги добил во текот на внатрешната ревизија, при што било утврдено дека за некои мотори, нивоата на CO2, но и потрошувачката на гориво се поставени на нивоа пониски отколку што би требало да бидат.

Од седиштето на Volkswagen велат дека ќе направат се' што е потребно за целосно да се разјасни ситуацијата и сите модели да добијат соодветна спецификација за емисиите на јаглерод диоксид.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил