Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Новата генерација на Golf пристигнува во 2016-та
 
Spodeli
03 November 2015, 22:00


Новата генерација на Golf пристигнува во 2016-та  Новата генерација на Golf пристигнува во 2016-та
Според најновите информации, кон крајот на наредната година Volkswagen ќе ја претстави следната генерација на Golf...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поточно, британскиот Autocar пишува дека ќе станува збор за автомобил кој, наводно, ќе биде официјално претставен како нова генерација, но всушност ќе се работи за модифицирана и темелно освежена верзија на актуелната генерација на Golf.

Новитетот ќе се базира на подобрена верзија на модуларната MQB платформа. Една од најважните вести во врска со овој автомобил е воведувањето на високо - економична бензинска верзија, која би имала потрошувачка од само 4,7 l/100 km.

Станува збор за т.н. „благ“ хибрид со 1,0-литарски, 3-цилиндричен турбо бензински агрегат со електричен компресор и батерии во кои ќе се складира енергија собрана при регенеративното кочење. Оваа енергија ќе се користи за помош на моторот и придвижување на компресорот.

Исто така, новиот Golf би требало да добие напреден систем за информации и забава со кој ќе може да се управува со помош на гестови со рацете. Најверојатно, се работи за опционален систем достапен со 8-инчна инструмент табла и 13-инчен централен дисплеј.

Премиерата на моделот би требало да се случи на еден од поголемите саеми за автомобили во Европа, во текот на следната година.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил