Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Нови слики од моделот Mercedes-Benz GLS
 
Spodeli
03 November 2015, 20:52


Нови слики од моделот Mercedes-Benz GLS  Нови слики од моделот Mercedes-Benz GLS
На интернет се појавија фотографии од новиот Mercedes-Benz GLS, чија промоција очекуваме да се случи во текот на месецов...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сликите, кои најверојатно потекнуваат од промотивна брошура, беа објавени на француски форум за автомобили и покажуваат дека новиот GLS во понудата ќе биде на значително повисоко скалило од моделот GL, кој служи како негова основа. Називот GLS по се' изгледа навестува дека новиот SUV ќе ги има истите одлики на луксуз како и предводникот S-Class. Овие слики за прв пат ја навестуваат и планираната AMG верзија.

Инаку, колку за потсетување, јавното деби на моделот GLS треба да се случи на саемот за автомобили во Лос Анџелес кој ќе се одржува во текот на месец ноември.

Основата на понудата ќе ја чини моделот со V6 дизел мотор, кој ќе ја носи ознаката GLS 350d и ќе развива 255 КС. Исто така, на некои пазари, Mercedes можеби ќе понуди и изведба со 4-цилиндричен дизел агрегат, со назив 250d. Врвот на понудата ќе го чини AMG верзијата со 5,5-литарски twin turbo V8 агрегат, со 585 КС. Дизел моделите ќе бидат опремени со најновата, 9-брзинска автоматска трансмисија на Mercedes.

GLS најверојатно ќе биде понуден и како plug-in хибрид, кој би ја носел ознаката 500e и би бил придвижуван од истиот twin turbo V6 бензински агрегат со 330 КС и електромотор како кај хибридот GLE. Истиот ќе има емисија на CO2 помала од 85 g/km, а ќе понуди електрична автономија од 30 километри.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил