Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Tesla направи погрешен избор во однос на начинот на кој ја пласираше функцијата Autopilot
 
Spodeli
26 October 2015, 20:26


Tesla направи погрешен избор во однос на начинот на кој ја пласираше функцијата Autopilot Tesla Model S Tesla направи погрешен избор во однос на начинот на кој ја пласираше функцијата Autopilot
Иако функцијата е дизајнирана само како помошен систем, сепак голем број на возачи ги третираат своите автомобили како целосно автономни возила, а резултатите од тоа се прилично опасни...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На интернет почнаа да се појавуваат видеа на кои сопствениците на Tesla Model S прават прилично глупави работи со новата функција Autopilot, што овие возила неодамна ја добија преку автоматско ажурирање на софтверот.

Иако функцијата е дизајнирана само како помошен систем, сепак голем број на возачи ги третираат своите автомобили како целосно автономни возила, а резултатите од тоа се прилично опасни.

Се разбира, вината треба да исе препише на Tesla.

Секако, Илон Маск (и белешките од Tesla) беа прилично јасни во врска со намената на оваа функција, но извршниот директор и неговите соработници мораа да предвидат дека дел од нивните клиенти нема толку сериозно да ги сфатат нивните пораки.

Можеби најсоодветно решение би било функцијата Autopilot да се вградува во застапништвата на Tesla, каде што член на персоналот преку стручни совети и одговори ќе ги информира возачите за можностите на системот, кој не обезбедува целосно самостојно возење и првенствено е наменет само за на автопат.

Се разбира, колку и да е функцијата безбедна, само еден смртен случај како резултат на непромисленост и самоувереност ќе биде доволен за да се фрли сенка не само врз конкретниот систем и Tesla, туку врз автономното управување во целина.

Останува констатацијата дека како што автоматските ажурирања во автомобилите ќе стануваат се' повообичаени, едукацијата за безбедно користење на новите функции ќе биде важна и неизбежна обврска за производителите.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил