Строгите прописи во однос на емисиите на штетни гасови, дефинитивно ја менуваат автомобилската индустрија. Eco-friendly агрегатите полека стануваат приоритет за голем дел од производителите. Во овој контекст од Nissan најавија дека моделот GT-R наскоро би можел да биде придвижуван со помош на електрична енергија.
„Уште утре може во GT-R да вградиме електромотор, при што перформансите воопшто не би влошиле. Со концептот Leaf RC покажавме дека сме заинтересирани и за електрични „тркачи“ - изјави Герет Дансмор, директор на Nissan Europe задолжен за електрични возила.
|