Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Видео: Еве како работи Autopilot функцијата на Tesla
 
Spodeli
18 October 2015, 12:52


Видео: Еве како работи Autopilot функцијата на Tesla Tesla Model S Видео: Еве како работи Autopilot функцијата на Tesla
Автоматските ажурирања на софтверот кај моделите на Tesla се од голема корист, бидејќи преку нив автомобилите во реалноста се постојано подложени на подобрувања...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Од 15-ти октомври за корисниците е достапна нова надградба на софтверот, верзија 7.0, која поддржува автономно паркирање, управување на автопат и менување на лентите. Еден од корисниците кој веќе го добил ажурирањето, сподели видео за да ги покаже новите команди.

На видеото може да се види како возачот вклучува Autopilot, а потоа ги трга рацете од управувачот. Транзицијата е лесна, а Model S со целосна самодоверба се справува со предизвикот автономно да управува на автопат. Како што се очекуваше, менувањето на ленти се реализира едноставно и глатко. За жал, на ова видео е тешко да се следи функционирањето на системите бидејќи е снимено навечер, а повремено е и матно.

Целта на Илон Маск е функцијата Autopilot постојано да се подобрува, односно да „учи“ во текот на возењето, за да прерасне во уште подобар систем. Дотогаш, надградбата 7.0 е само чекор плус кон конечната цел - целосно автономно возење.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил