Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Официјално претставен долго очекуваниот Model X
 
Spodeli
01 October 2015, 19:33


Официјално претставен долго очекуваниот Model X  Официјално претставен долго очекуваниот Model X
По повеќе од две години одложување, на посебен настан одржан во Фримонт, Калифорнија, Tesla официјално го претстави својот (а и во светски рамки), прв електричен SUV односно Model X...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Станува збор за автомобил чиј дизајн ни е познат од претходно, па оттаму за него и нема да трошиме премногу зборови. Само ќе споменеме дека како позначајни белези се наметнуваат LED светлата, најголемата шофершајбна во класата која обезбедува одлична видливост и т.н. Falcon wings задни врати, кои овозможуваат лесен пристап до вториот и третиот ред на седишта.

Станува збор за врати со двојни шарки кои треба да овозможат лесно отворање и во потесни простори. Пречка можат да претставуваат пониски тавани, но затоа е вграден посебен сензор чија задача е да спречи оштетувања од таков вид.

Моделот X ќе биде достапен во верзии со 6 и 7 седишта во конфигурација 2 + 3 + 2 или 2 + 2 + 2. Во двата случаи, седиштата од третиот ред може да се преклопат во рамна површина, со што се зголемува капацитетот на багажникот, кој пак има солидна зафатнина дури и кога седиштата се во функција. Инаку, големо внимание е посветено на комфорот и удобноста во патничката кабина, а особено добра е положбата на патниците од вториот ред седишта кои ќе имаат голем простор за нозете, дополнителен простор за складирање под местото за седење и сл.

Батериите кај Model X се сместени во подот со што се намалува центарот на гравитација, но исто така се зајакнува и конструкцијата на автомобилот, односно според наводите на производителот, ова го прави возилото поотпорно на страничен удар. Исто така, отсуството на конвенционален мотор сместен однапред, односно постоењето на преден багажен простор, ја зголемува предната зона на деформација т.е. апсорпцијата на енергија при фронтален удар.

На почетокот, Model X ќе биде достапен во две верзии со погон на четири тркала. Првата е 90D која ќе има два мотори, по еден за секоја оска, со моќност од 190 kW или 258 КС. Тоа ќе биде доволно до 98 km/h (60 милји на час) да се забрза за 4,8 секунди, а автономијата ќе изнесува околу 414 km.

Помоќната верзија P90D исто така ќе биде придвижувана од два електрични мотори, од кои едниот ќе има моќност од 190 kW или 258 КС, а другиот ќе располага со 370 kW или 503 КС. Оваа изведба од 0 до 98 km/h ќе забрзува за 3,8 секунди, а во Ludicrous режим за истото забрзување ќе бидат потребни само 3,2 секунди.

За одлични перформанси ќе придонесат и аеродинамичните својства на ова возило. Тука вреди да го споменеме задниот активен спојлер кој може да се постави во три однапред одредени позиции.

Клиентите во САД веќе може да го нарачаат Model X, а првите испораки на стандардните модели се закажани за втората половина на следната година. Нивната цена ќе се движи околу 140.000 долари.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил