Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Последното ажурирање на софтверот за Tesla Model S носи нови функции
 
Spodeli
29 September 2015, 20:45


Последното ажурирање на софтверот за Tesla Model S носи нови функции Tesla Model S Последното ажурирање на софтверот за Tesla Model S носи нови функции
Софтверот вклучува и графики кои ја покажуваат дозволената брзина на движење, како и траекторијата по која треба да се вози...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во моментов, актуелно е ново ажурирање на софтверот за Tesla Model S што ја вклучува и фамозната Autosteer функција која, меѓу другото, емитува звучни сигнали како предупредување од потенцијален страничен судир, при напуштање на сообраќајната лента. Исто така, во пакетот е вклучено и подобрено забрзување за електричниот автомобил и неколку други карактеристики. Достапна е и т.н. Autopark функција која овозможува автоматско паралелно паркирање. Софтверот вклучува и графики кои ја покажуваат дозволената брзина на движење, како и траекторијата по која треба да се вози.

Друга важна работа е тоа што софтверот вклучува подобрена контрола на температурата на воздухот во возилото.

Шефот на Tesla, Илон Маск, минатиот месец преку Twitter објави дека калифорнискиот производител се подготвува да лансира ажурирање кое на возачите ќе им овозможи автономно возење, за ограничен временски период. Добрата вест за возачите на Model S е дека електричните возила ќе „учат“ едни од други, па решавањето на еден конкретен проблем во врска со самоуправувањето, ќе се пренесува и кај другите автомобили.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил