Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla ја отвори првата фабрика во Европа!
 
Spodeli
28 September 2015, 14:02


Tesla ја отвори првата фабрика во Европа!  Tesla ја отвори првата фабрика во Европа!
Американскиот производител на електрични возила, Tesla, почна да се шири и на другите континенти –новата фабрика во Тилбург, Холандија ќе биде наменета исклучиво за побарувањата на европските купувачи...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во фабриката ќе се склопува веќе популарниот Model S, а во иднина најверојатно и SUV моделот Model X, кој наскоро треба да пристигне на пазарот. Самата фабрика ќе има капацитет за производство на 90 возила дневно, додека возилата ќе се испорачуваат до 69 дилери во 12 европски земји.



Фабриката ќе се снабдува со делови од капацитетот на Tesla во Калифорнија, што значи дека тука нема да биде целосното производство, но затоа ќе има специјална патека за тестирање долга 750 метри, од кои 400 метри се асфалт, додека 350 метри се специјална површина со испакнатини, кои ги имитираат нерамнините на патиштата низ Европа.

На овој начин, тест возачите можат да ги пронајдат дури и најмалите грешки во изработката во внатрешноста, како на пример крцкање и тропање, но и целосното однесување на возилото.



Покрај почетокот на производството, Tesla низ Европа веќе има инсталирано преку 1.000 „Супер полначи“, кои се простираат од Норвешка до Словенија и Велика Британија до Шпанија. Ваков полнач можно е да биде инсталиран и во нашата земја во наредниве неколку години.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил