Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > 400 евра казна и одземање на возачката дозвола за возачите кои ќе дивеат по улиците
 
Spodeli
25 September 2015, 20:58


400 евра казна и одземање на возачката дозвола за возачите кои ќе дивеат по улиците  400 евра казна и одземање на возачката дозвола за возачите кои ќе дивеат по улиците
Безбедноста во сообраќајот беше тема на денешната средба на министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На координативниот состанок за безбедност во сообраќајот во Скопје, покрај градоначалникот и министерот за внатрешни работи, учествуваа и претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски и директорот на ЈП „Улици и патишта", Синиша Ивановски.

„Првиот чекор е да се направи мапирање на црните точки во сообраќајот - анализа што треба да биде готова до 15 октомври, за веднаш потоа да ги отстраниме недостатоците на терен. Ќе разгледуваме и зони на смирен сообраќај, во што активно ќе се вклучиме заедно со општините, со МВР и со Советот за безбедност во сообраќајот. Не консултираат и за нашите забелешки во однос на новата законска регулатива од оваа област, што е во процедура. За Градот Скопје безбедноста на сите учесници во сообраќајот е приоритет“, рече градоначалникот Трајановски.

Министерот за внатрешни работи Чавков на состанокот информираше за засилените активности кои МВР ги презема на територијата на градот Скопје, како и заклучоците донесени врз основа на анализи на преземените активности.

„Од извршените анализи констатирано е дека најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитување на правилата за првенство на минување, како и управувањето на возила под дејство на алкохол. Со новините во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, којшто е во собраниска процедура, предвидовме низа нови законски мерки кои одат во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во делот на урбаните средини, предложено е намалување на брзината на движење на јавен пат во населено место од 60 на 50 километри на час, а доколку не се почитува ова ограничување ќе се изрече глоба во вредност од 400 евра или 65 негативни поени. Особено е важно што без разлика дали возачот ќе реши да ја плати глобата или да впише негативни поени, за него започнува постапка пред надлежен орган за забрана за управување со возило, во период од 6 до 12 месеци“, изјави министерот Чавков.

Средбата се одржа една недела по смртта на дете велосипедист, кое загина на булеварот „Илинден“ во близина на градскиот парк, а граѓани се организираа преку социјалните мрежи и закажаа протест за сабота под мотото „Коце, врати ни ги улиците“.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил