Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Peugeot ги обвинува политичарите за раното згаснување на Hybrid Air технологијата
 
Spodeli
22 September 2015, 21:19


Peugeot ги обвинува политичарите за раното згаснување на Hybrid Air технологијата  Peugeot ги обвинува политичарите за раното згаснување на Hybrid Air технологијата
Извршниот директор на Peugeot, Максим Пикат, изјави дека Hybrid Air технологијата на францускиот производител во моментов не може да се лансира, бидејќи некои влади не ги поддржуваат алтернативните технологии...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

„Доколку ние како компанија потрошиме стотици милиони за лансирање на нашата технологија, а политичарите имаат став дека во моментот поддржуваат само plug-in хибридни и електрични модели, тогаш со жалење можам да констатирам дека тие го убиваат нашиот проект“, рече Пикат.

Тој фрустриран од ваквата ситуација, потенцираше дека шемите за поттикнување на купувачите, како грантот од 5.000 фунти за plug-in хибридни возила во Велика Британија, ја ограничуваат технологијата што една компанија може да ја понуди.

„Владите поставуваат многу амбициозни цели во однос на емисиите на CO2 и тоа е добра вест за планетата. Ваквите одлуки се во нивна ингеренција и јас силно ги поддржувам мерките за заштита на животната средина“, вели Пикат.

„Меѓутоа, понекогаш, по мое мислење многу повеќе отколку што треба, тие си земаат за право да кажуваат кои цели да си ги поставите како производител и која технологија да ја развивате“, додава тој.

Сепак, Пикат инсистира на тоа дека Hybrid Air технологијата која користи компримиран воздух, не е целосно ликвидирана и дека порано или подоцна ќе има своја шанса на пазарот, а кога тоа ќе се случи Peugeot ќе биде целосно подготвен.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил