Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Франкфурт 2015: Mini Clubman се „протегна“ на германскиот подиум
 
Spodeli
21 September 2015, 21:57


Франкфурт 2015: Mini Clubman се „протегна“ на германскиот подиум MINI Clubman Франкфурт 2015: Mini Clubman се „протегна“ на германскиот подиум
Дополнителните десет сантиметри меѓу оските се многу важни, бидејќи тие го прават автомобилот најдолгиот и најкомфорниот Mini досега...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во основа, постојат две главни работи кои го разликуваат новиот Mini Clubman не само од неговиот „колега“ со пократко меѓуоскино растојание, но и од двата други модели со пет врати. Прво, неговото продолжено меѓуоскино растојание е навистина многу долго, а како второ, тука се двете „twin“ врати на багажникот.

Дополнителните десет сантиметри меѓу оските се многу важни, бидејќи тие го прават автомобилот најдолгиот и најкомфорниот Mini досега, всушност, возилото е малку подолго од верзијата на Volkswagen Golf со четири врати. Дури и во ситуација кога напред седи повисок возач, седењето зад него не претставува проблем.

Што се однесува до т.н. „twin“ врати на багажникот, за нив, како опција, постои функција да се отворат со благ удар со ногата. Откако ќе се отворат, тие нудат просторност на багажниот простор каква што досега не сме виделе кај ниеден Mini модел.


MINI Clubman
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил