Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Франкфурт 2015: Smart Fortwo Cabrio е урбан автомобил за сончеви поднебја
 
Spodeli
20 September 2015, 19:54


Франкфурт 2015: Smart Fortwo Cabrio е урбан автомобил за сончеви поднебја Smart * ForTwo - 2015 * Франкфурт 2015: Smart Fortwo Cabrio е урбан автомобил за сончеви поднебја
Доколку сте во потрага по паметен урбан автомобил, но не сакате покрив над главата, Smart е токму она што го барате. Автомобилот на кој му ја посветуваме оваа објава е Smart Fortwo Cabrio, а истиот своето официјално деби го имаше на саемот во Франкфурт...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Постојат неколку начини за конфигурирање на новиот Smart Cabrio. Првиот, се разбира, е да го оставите платното како заштита од природните елементи, или пак можете да го повлечете малку наназад. За оние кои сакаат да го почувствуваат ветрот во косата, Smart нуди вистинско кабриолет доживување, при што лизгачкиот покрив може да се собере за само 12 секунди, а потоа остануваат пар вертикални носачи, кои треба рачно да се отстранат.

Покрај покривот на склопување, единствената поголема промена во однос на затворената верзија е потенкиот B столб, но тоа не ја намалува безбедноста, благодарение на дополнителните засилувања на конструкцијата.

При лансирањето на овој модел ќе бидат достапни два мотори, и двата со три цилиндри. Базичната верзија ќе располага со 71 КС, а верзијата со 90 КС ќе може да се добие по барање на купувачите. Моќта се насочува кон задните тркала, преку 5-брзински рачен или автоматски менувач со двојна спојка.


Smart * ForTwo - 2015 *
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил