Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2015: извршниот директор на BMW колабираше на сцена
 
Spodeli
17 September 2015, 16:48


Франкфурт 2015: извршниот директор на BMW колабираше на сцена  Франкфурт 2015: извршниот директор на BMW колабираше на сцена
Новоизбраниот извршен директор на BMW AG, Харалд Кригер, имаше непосакуван старт на својот прв меѓународен саем во Франкфурт откако е на оваа позиција...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Директорот Кригер колабираше по само пет минути откако ја отвори прес-конференцијата на BMW. Двајца асистенти му помогнаа да застане на нозе и го одведоа зад сцената по што, се разбира, пресот беше откажан.

Според информациите, Кригер не се чувствувал добро пред почетокот на саемот, а неговата несвестица наводно била резултат на момент на вртоглавица. Кригер беше однесен во една локална болница од каде што соопштуваат дека тој се опоравува од инцидентот и е во стабилна состојба.

Животот на извршните директори на големите автомобилски компании е исполнет со стрес и несоница, особено пред големи манифестации како што е оваа во Франкфурт. На Кригер му посакуваме брзо закрепнување, со надеж дека ќе може да учествува во понатамошната програма на саемот.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил