Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Франкфурт 2015: претставен Lamborghini Huracan LP610-4
 
Spodeli
16 September 2015, 20:17


Франкфурт 2015: претставен Lamborghini Huracan LP610-4 Lamborghini Huracán Франкфурт 2015: претставен Lamborghini Huracan LP610-4
Новиот Lamborghini Huracan LP610-4 Spyder го имаше своето глобално деби на саемот за автомобили во Франкфурт...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Станува збор за двосед со отворен кров чија продажба ќе започне следната пролет, по цена од 280.000 евра. Инаку, производителот тврди дека возилото е за 40% поцврсто од својот претходник - Gallardo Spyder.

Моќноста доаѓа од 5,2-литарскиот V10 мотор и изнесува 610 КС.

И покрај зголемувањето на тежината на автомобилот на 1.542 kg, со дистрибуција во сооднос од 47% на предниот и 53% на задниот дел, Lamborghini тврди дека Huracan Spyder од 0 до 100 km/h може да забрза за 3,4 секунди, со максимална брзина над 320 km/h.

Новите опции за Spyder ја вклучуваат т.н. технологија cylinder-on-demand како и start-stop систем, кои ќе бидат вградени и кај моделот Huracan coupe за 2016-та. Емисиите на CO2 се намалени за 14% во споредба со Gallardo Spyder. Преработен е и системот за погон на сите четири тркала.

На крајот да споменеме дека кровот на Huracan Spyder е изработен од ткаенина лесна за преклопување. При брзини до 50 km/h, истиот може да се здипли за помалку од 17 секунди.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил