Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Најевтиниот спортист, со 145 КС, Dacia Sandero RS!
 
Spodeli
14 September 2015, 15:14


Најевтиниот спортист, со 145 КС, Dacia Sandero RS! Dacia Sandero Најевтиниот спортист, со 145 КС, Dacia Sandero RS!
Факт е, многумина од нас вљубениците во автомобилите сакаме да поседуваме спортски модел. Сепак, реалноста е дека таквите возила се многу поскапи од „обичните“, се досега...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Dacia Sandero RS (да, RS значи Renault Sport) е првиот спортски модел во понудата на романскиот производител. Ќе биде веројатно најевтиниот спортски модел на пазарот, а во почеток ќе биде понуден на пазарите во Централна и Јужна Америка. Со оглед на успехот на Dacia на Источно – Европските пазари, може да очекуваме да го видиме моделот и кај нас. Стегнете палците!



Но, по што се разликува овој Sandero од обичниот. Прво, има многу помоќен мотор, поточно 2,0 литарски атмосферски бензинец со 145 КС, доволен за забрзување до стотка за 8 секунди и максимална брзина од 200 km/h. Изборот на атмосферски мотор со сигурност ќе задоволи многу вљубеници во таквата конфигурација, но од друга страна го прави автомобилот потежок за тјунирање – турбо мотор лесно може да се навие и над 200 КС.



Целосно е преработена и суспензијата, секако, за да ја издржи поголемата сила од моторот и повисоките брзини со кои ќе се движи автомобилот, а ставени се и поголеми дискови за кочење. Подобрено е и управувањето, со цел да враќа повеќе информации од подлогата, нешто што е голема слабост кај Sandero.



Со оглед на цената на Sandero, би можеле да очекуваме RS моделот да чини околу 15.000 евра, што значи дека ќе биде прилично исплатлив. Сепак, за да бидеме сигурни, ќе мора да почекаме и да го видиме во салоните.


Dacia Sandero
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил