Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6 - нови бизнис партнери на македонските компании
 
Spodeli
09 September 2015, 21:09


Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6 - нови бизнис партнери на македонските компании Volkswagen Caddy Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6 - нови бизнис партнери на македонските компании
Голем, економичен, совршено направен и едноставен за возење, тоа се зборовите со кои светските познавачи ја претставија четвртата генерација на Caddy, додека пак новиот Transporter T6 го опишаа како возило збогатено со врвна технологија, кое располага со многу повеќе простор за складирање...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Попрецизен дизајн, повеќе простор, намалена потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови се само дел од перформансите кои се заеднички за двата нови модели на брендот Volkswagen - комерцијални возила. Новите Caddy 4 и Transporter T6 кои се окарактеризирани како моќни, безбедни и дизајнерски унапредени возила, денес беа промовирани во салонот Volkswagen на „Порше Македонија“.

- „Порше Македонија“ ги лансира новите Volkswagen Caddy 4 и T6 на македонскиот пазар многу порано од предвидените термини, а тоа е уште една причина зошто ја освоивме наградата – „Најдобар европски импортер за возилата од брендот Volkswagen – комерцијални возила - изјави генералниот менаџер на „Порше Македонија“, г-динот Златко Муцунски.

- Денес на бизнисот полн со предизвици, потребни му се партнери од доверба. Tокму такви партнери, македонските компании, можат да најдат во Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6, економични и целосно прилагодливи на потребите на бизнисот. Дополнително, уште од самото претставување на пазарот, обезбедивме лизинг аранжман со 5,5% каматна стапка и 15% учество. Отворете го патот за новите Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6! - додаде г-динот Муцунски.

Volkswagen Caddy секогаш е вистински избор за клиентите, бидејќи тоа е вистинското возило - агилен урбан пикап кој е пријателски настроен кон бизнисот. Новото Caddy дополнително е оптимизирано со цел да ги исполни и да ги задоволи различните потреби на клиентите. Caddy сега е поголем, попрактичен и помоќен за сите комерцијални клиенти, а во исто време тој има повеќе стил и висок квалитет. Новото Caddy 4 има поголема употребна вредност и атрактивна цена.

- Брендот Volkwagen – комерцијални возила ја претставува четвртата генерација на исклучително популарното Caddy кое од денес може да се набави во „Порше Македонија“. Претходниците на овој модел се продадоа во рекордни 1,5 милиони примероци. Новото Caddy 4 планира драстично да го зголеми овој импозантен резултат благодарение на подобрените перформанси и на потрошувачката која изнесува помалку од 4 литри на 100 километри, со што новото Caddy 4 е пријател на буџетот на секое претпријатие – изјави Дејан Враниќ бренд менаџер за Volkswagen – комерцијални возила.

- Задоволни сме што во исто време можеме да претставиме уште една икона на брендот – новиот Transporter T6. Од 1950 година моделот поставува стандарди во поглед на дизајнот, економичноста и функционалноста. Новата шеста генерација е уште подобра од претходната. Т6 нуди повеќе комфорт, подобра динамика на возење и во исто време максимално е штедлив со горивото – додаде г-динот Враниќ.

Кај новото Caddy на располагање се и системите кои имаат за цел да го направат возењето побезбедно и покомфорно, еден од нив е Front Assist – систем кој го намалува ризикот од удар напред. На располагање е и City Emergency Braking кој се вклучува доколку возачот не забележи некоја пречка движејќи се со брзина под 30 километри на час по што се активираат сопирачките. Друга расположлива опција е и Driver Alert - систем кој регистрира промени во нормалното однесување и му препорачува на возачот да се одмори. Се вградува и Adaptive Cruise Control кој го регистрира движењето на возилата напред и може да го забави движењето на Caddy 4 или целосно да го запре кога е потребно како, на пример, во сообраќајни метежи.

- И двете возила ги задоволуваат строгите ЕУ 6 стандарди, а на клиентите ќе им се допадне големата флексибилност на новите Caddy 4 и Transporter T6. Caddy 4 може брзо да се преобрази од возило со седум седишта до товарно возило со две седишта. Новото Caddy ги нуди најдобрите транспортни решенија за секоја ситуација во животот. Бројните иновативни решенија го прават Caddy идеално возило за трговските компании, за компаниите од услужниот сектор, за бизнис клиентите и за семејствата - објасни г-динот Александар Цветковски продукт менаџер во „Порше Македонија“ претставувајќи ги напредните системи кои се вградуваат кај новите Volkswagen Caddy 4 и Transporter T6.

- Новиот T6 се истакнува со прецизниот надворешен изглед, додека пак ентериерот е изработен според највисоките стандарди, но притоа следејќи ги правилата на практичноста. Вградени се голем број на прегради за складирање во кои има место за сè – од мобилен телефон до таблет, чаша за кафе, документи итн. На располагање се и повеќе нови системи за помош на возачот како на пример Dynamic Cruise Control со кој возилото може да се адаптира на три начини на возење – комфорно, нормално и спортски – појасни г-динот Цветковски.

Kaj Volkswagen T6 како опција се вградуваат и системите: Adaptive Cruise Control, Front Assist, Automatic Post-Collision Braking System, Driver Alert System како и ParkPilot кој има за цел да помогне при паркирањето на T6.

Новиот infotainment систем сите уреди ги поврзани преку Bluetooth hands-free со цел да му се овозможи на возачот безбедно да ги користи уредите, додека загреаните седишта во зима и клима уредот секогаш придонесуваат за пријатни температури во возилото.



Volkswagen Caddy
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео
Volkswagen Transporter Патар
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил