Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Споредби > Tesla Model S P85D со неверојатен резултат на тестот на Consumer Reports
 
Spodeli
28 August 2015, 17:16


Tesla Model S P85D со неверојатен резултат на тестот на Consumer Reports Tesla Model S Tesla Model S P85D со неверојатен резултат на тестот на Consumer Reports
Според екипата на Consumer Reports, електричниот седан со погон на сите четири тркала, Tesla Model S P85D, на нивното тестирање поминал подобро од било кој друг автомобил досега...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

P85D е оценет како брутално брз автомобил, со експресно забрзување. Имено, електричното возило до 60 милји на час забрзува за неверојатни 3,5 секунди, без татнеж на моторот, што дури и го прави морничаво тивкото достигнување на таква брзина.

Меѓутоа, P85D е скап автомобил, што значи дека неговите благодати ќе може да ги почувствуваат ограничен круг на луѓе. Сепак, од огромна важност е пробивот кој овој модел го прави во поглед на перформансите и ефикасноста (уште повеќе доколку се земе предвид дека истиот доаѓа од погоните на „startup“ компанија). Всушност, Model S претставува најава за следните автомобили од Tesla Motors. Меѓу нив се Model X кој се очекува во текот на 2016-та година, но и компактниот седан Model 3 кој е најавен за 2018-та, а чија основна цена се очекува да изнесува околу 35.000 долари.

Екипата на Consumer Reports истакнува дека P85D, се одликува со подобро сопирање и управување од најдобро рангираниот Model S, при што нуди подобра енергетска ефикасност.

И покрај поостриот фокус кон перформансите, P85D се одликува со практичност и луксуз.

Од Consumer Reports информираат дека при рангирањето на овој автомобил се нашле исправени пред една нова дилема. Имено, во севкупното рангирање P85D постигнал рејтинг од 103 поени, а системот на оценување на екипата не надминува 100. Членовите на тимот истакнале дека автомобилот поставил нов репер, па оттаму биле принудени да направат промени во системот на бодување. Сепак, ваквите промени нема да влијаат врз резултатите на веќе тестираните возила.

Како и да е, мора да се потенцира дека резултатот од 100 поени не го прави P85D совршен автомобил, без оглед на цената од дури 127.820 долари. Екипата имала забелешки за одредени несовршености, како на пример квалитетот на материјалите искористени во внатрешноста на возилото, како и поцврстото и побучно возење во споредба со основниот Model S.

Исто така, важно е да се спомене дека во оценката на Consumer Reports не е вклучена стабилноста на автомобилот, во поглед на перманентната доследност до спецификациите. Сопствениците на моделот S, во една неодамнешна анкета навеле дека од автомобилот може да се очекува просечна доследност.

На крајот, како заклучок од тестот на Tesla Model S P85D, Consumer Reports наведува дека станува збор за извонреден автомобил кој го поплочува патот за идните храбри достигнувања што ќе произлезат од американската „startup генијалност.

 


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Споредби



 
 
 
 






Одберете нов автомобил