Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Девојките и сопругите на Формула 1 возачите
 
Spodeli
25 August 2015, 17:45


Девојките и сопругите на Формула 1 возачите  Девојките и сопругите на Формула 1 возачите
Често го привлекуваат вниманието на јавноста, не само затоа што се во врска со познати мажи, туку зошто и самите тие се успешни жени и атрактивни убавици кои ги красат страниците на најпопуларните магазини во светот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кими Раиконен

Според Себастијан Фетел, Кими Раиконен е возач кој својот приватен живот не го обелоденува на социјалните мрежи. Сепак, тоа не може да се каже и за неговата партнерка. Станува збор за моделот Мина-Мари Виртанен, која се породи на почетокот од годинава, а Раиконен доби син.

Но, Раиконен зад себе веќе има еден брак и тоа со поранешната Мис Скандинавија, Џени Далман со која се венчаше во 2004-та година. Нивниот брак заврши во 2014-та.

Џенсон Батон

Долгогодишна партнерка на Џенсон Батон беше британската пејачка и актерка Луиз Грифитс. Нивната врска заврши во 2005-та година, а нова „можност“ за Батон се појави во 2009-та, кога тој почна да се забавува со моделот од јапонско/аргентинско потекло Џесика Мичибата. Кон крајот на минатата година, тие стапија во брак.

Луис Хамилтон

Пред неговото пристигнување во Mercedes, Луис Хамилтон важеше за возач кој релативно често прави инциденти на патеката. Разјареноста на трките, честопати се поврзуваше и со неговиот приватен живот, кој во споредба со оној на Батон и не е така стабилен.

Долгогодишна партнерка на двократниот светски шампион, беше славната Никол Шерцингер. После неколку прекини, тие и дефинитивно раскинаа. Набрзо потоа, таблоидите излегоа со шпекулации за неговата следна избраничка. Најновите гласини го поврзуваат Хамилтон со пејачката Ријана, а според други пак, тој се забавува со фото - моделот Џиџи Хадид.

Фернандо Алонсо

Во 2006-та година, кога Алонсо беше во битка за својата втора шампионска титула, се пишуваше дека тој се оженил со шпанската пејачка Ракел дел Росарио од групата „Суењо де морфео“. Сепак, бракот траеше до 2011-та година. Неколку месеци подоцна, негова девојка стана рускиот модел Даша Капустина. Од почетокот на 2015-та година, нова избраничка на Алонсо е шпанската новинарка Лара Алврез. Таа има работено на различни настани (вклучувајќи го и Moto GP) и телевизии. Моментно работи во телевизијата Antena 3.

Фелипе Маса

Својата сопруга Ана Рафаела Баси, Бразилецот ја запознал уште во 2002-ра година. Пет години подоцна, тие стапиле во брак, а во 2009-та година е роден нивниот син Фелипињо, кој е повеќе заинтересиран за фудбал, а помалку за патеката.

Себастијан Фетел

Фетел многу успешно го „чува“ неговиот приватен живот. Својата партнерка, Хана Пратер, која има германски и британски корени, ја познава уште од училишните денови. Во јануари 2014-та година се роди нивната ќерка Емили.

Нико Розберг

Германецот минатата година се ожени со својата долгогодишна партнерка Вивијан Сиболд. Наскоро треба да им се роди ќерка.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
 
 






Одберете нов автомобил